14.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАИЗБОР

Заев од Сараево: Силно го поддржувам процесот на создавање единствен пазар на Западен Балкан

Денес предизвиците се многу поголеми – недостаток на храна, глобална реорганизација на снабдувањето со енергенси, ценовни шокови, изјави екс-премиерот Зоран Заев на првиот панел од Сараево бизнис форум денеска.

– Огромни се предизвиците и оттука огромна е вредноста на ваквите дискусии и форуми во потрага по промислени, здружени, регионални и глобални решенија, рече Заев.

– Мораме да соработуваме, за да успееме. Клучот е во партнерствата, во сојузништвата. Во услови на ризици од глобален немир, мораме да се здружуваме и да создаваме платформи, соработки и партнерства кои емитуваат регионален мир, стабилност, предвидливост.

Затоа, регионалната соработка ја ставам на првото место.

Недостатоците oд вештини, од работна сила, од продукциски капацитети, па дури и од храна, било која од нашите држави, можеме да ги надоместуваме потпирајќи се на нашите соседи односно на регионалната соработка. Затоа силно го поддржувам процесот на создавање единствен пазар на Западен Балкан и очекувам да се зголемува бројот на држави кои ќе учествуваат во тргањето на пречките за слободен проток на луѓе, услуги, добра и стоки во нашиот регион.

Време е регионот да си го “спакуваме” и како инвестициски потенцијал. За да ги донесеме големите играчи треба да и ние да играме поголема игра. Западен Балкан има огромни потенцијали за создавање енергија од обновливи извори на енергија, имаме многу сонце, ветер и вода. Тоа подразбира инвестиции во големи стратешки и инфраструктурни проекти, а денес тоа го можат големи и глобални инвеститори. Нашите држави може да се конкурентни за вакви проекти само ако се здружиме и ако настапуваме како регион. На тој начин недостатоците ќе исчезнат, придобивките ќе пораснат.

Погледнете го проектот Александруполи, типичен пример како треба да се игра регионално кога е во прашање глоабалната енергетска политика. Имено, пред неколку дена во Александруполи, Грција, започна изградбата на Терминалот за течен гас, проект за долгорочна енергетска независност и за стабилно и постојано снабдување со течен гас во едно исклучително кризно време, порача екс-премиерот Зоран Заев на “Сараево Бизнис Форум”

Спонзорирано: