19. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Заев како член на жирито на Сараево бизнис форум додели награди за најдобрите бизнис компании и поединци во БиХ

– Чест ми е што учествував на Сараево бизнис форум 2022, како говорник на првиот панел, но и како член на жирито кое ја направи селекцијата на годинешните добитници на награди за придонес кон подобрување на регионалната бизнис клима и за создавањето идеи кои носат економски развој, објави екс-премиерот Зоран Заев.

– Доделивме признанија за најдобар бизнис и најдобар нов бизнис, за општествена одговорност, за најдобра инвестиција, за најдобар БиХ бренд амбасадор и за најдобар бизнис потег на годината.

Во време на економска криза предизвикана од КОВИД-19 која веќе се спојува со последиците кои ги носи руската агресија врз Украина, ваквите бизнис форуми се особено важни. Кризата бара сериозни промислувања и сериозни одговори за да може да им се помогне на економиите, а со тоа на граѓаните, изјави експремиерот Заев.

Можеби ќе ве интересира

Утрото ведро и посвежо, преку денот сончево

C +

Каранфилова Пановска: Владата на ВМРО-ДПМНЕ е директно одговорна за еколошкиот хаос во Вардариште и Дрисла

C +

Каранфилова Пановска: Тошковски мора да сноси одговорност за серијата трагични случаи во изминатите 15 месеци

C +