23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈАИЗБОР

(Видео) Костовски: Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ што блокираат треба итно да се откажат од платите

Пратениците што бојкотираат и го блокираат Собранието, кои не работат ништо, како што тоа го прават пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, не смеат да бидат платени од граѓаните за својата неработа и деструктивно однесување, посочи на денешната прес-конференција Мартин Костовски од СДСМ.

„Кога веќе не ја работат работата за која се платени, кога ја попречуваат работата на целото Собрание, тогаш пратениците од ВМРО-ДПМНЕ треба итно да се откажат платите, дневниците, патните трошоци, службените телефони и овие пари да ги донираат кај граѓаните затоа што во вакви околности тоа не треба да им следува.

Ако се земе бројот на пратеници и просечната плата на еден пратеник, тоа се над 40.000 евра народни пари само за пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата.

Кога веќе решиле наместо на граѓаните, да му служат на нивниот партиски шеф Христијан Мицкоски, тогаш од него нега бараат плати за ваквото неработење, за ваквото деструктивно однесување на штета на граѓаните“, нагласи претставникот на владејачката партија и додаде дека ВМРО-ДПМНЕ е единствената партија што во време на криза се обидува, како што рече, да го отежне и закочи нормалното функционирање на државата.