Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Велковски: Ако опозицијата не им помага на граѓаните, барем нека не ни одмага нам

„Владејачкото мнозинство јасно кажува дека ќе се исполнуваат проектите и програмата и мора да ги решаваме проблемите со кои се соочува целиот свет. Затоа апелирам, ако веќе опозицијата не помага, барем да не одмагаат“ рече пратеникот од СДСМ Диме Велковски во „24 отворено“ на ТВ24.

Тој додаде дека Владата има мандат заклучно со 2024 година и дека тој ќе го заврши со исполнување на предвидената програма.

„Многу проекти се наведени во програмата кои треба да се реализираат. Тоа ќе биде направено и законите ќе бидат донесени и покрај активните или пасивните блокади, бидејќи имаме стабилно парламентарно мнозинство“ рече Велковски.

Тој додаде дека власта е секогаш добредојдена за сите инпути од опозициајта со цел помош и полесно справување на земјава со економската, енергетската, здравствената и ценовната криза со која се соочува целиот свет.

Можеби ќе ве интересира

Популарното дело на „Браво сине!“ и „Арс Ламина“ – „Бајки од Македонија“ влегува во образовната програма како редовна лектира 

C +

Изминатите два дена 1433 сообраќајни прекршоци, лишено од слобода 21 лицe за безобѕирно возење

C +

Андоновски: Инвестирањето во технолошките паркови е инвестиција во идеи, талент и иднина

C +