Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Ковачевски: Парламентот не е супермаркет каков што го прави опозицијата

„Имаме функционален Парламент, со пратеници со искуство од неколку мандати, но и новите веќе имаат доволно искуство за да отворат серизони дебати за сите закони кои се предлагаат и кои треба да се унапредуваат. Доколку сите мерки се разговараат на ниво на експерти ќе се деградира позицијата на Парламентот“ рече премиерот Димитар Ковачевски во вестите на Сител ТВ.

Тој додаде дека Владата организира широки дебати за сите крупни стратешки одлуки, во кои ја повикува и опозицијата.

„Не се согласувам со т.н. активен бојкот на ВМРО-ДПМНЕ, кои ќе изваделе листа кои закони нема, а кои закони ќе ги поддржеле. Парламентот не е супермаркет, па да бирам. Секој закон во себе содржи унапредување на одредена правна регулатива насочена кон унапредување на процесите“ рече Ковачевски.

Премиерот додаде дека ВМРО-ДПМНЕ веќе две години блокира низа закони во Собранието, со што таа не ја блокира Владата, туку ги блокира и бојкотира граѓаните, компаниите и сите кои имаат интерес од носењето на предложените законски решенија.

Можеби ќе ве интересира

Лишен од слобода гевгеличанец, превезувал шест мигранти и излетал од патот

ДЕСК

Таксист натепан во Скопје

ДЕСК

Лишени од слобода пет возачи за безобѕирно управување возило, двајца возеле без возачка дозвола, други двајца со активна забрана за управување возило

ДЕСК