12.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Ковачевски: Решение со Бугарија е можно само со почитување на достоинството на граѓаните

„Нам ни е потребно решение со Бугарија и преговори со ЕУ, но не по секоја цена, јас сум за брзо решение, но никако не сум за избрзано решение. 17 години сме со кандидатски статус, имаме четири извештаи по ред кои се позитивни за нашата држава, имаме како држава донесено тешки, но исправни одлуки, затоа и сум уверен дека ќе почнеме преговори, но врзување со датуми не е добро затоа што тоа не зависи од едната страна, туку и од другата. Како што ние имаме изградено став за нашите позиции и нашите стремежи за регионот, така мора и Бугарија да има став дека сака нејзиниот сосед да напредува“- изјави премиерот Димитар Ковачевски во интервјуто на телевизија Сител.

„45 отсто од нашето законодавство е усогласено со европското законодавство. Странските иневстиции кај нас во најголем дел се од државите од ЕУ, таа стартешка определба од овие 30 години ќе остане определба и за во иднина и таа е единствена опција и гарантира подобар живот на граѓаните. Тие разговири со Бугарија ќе продолжат, но само врз европски вредности, почитување помеѓу политичарите, помеѓу институциите, па и помеѓу граѓаните. Ако се придржуваме кон тие вредности и кон принципи на почит и достонство само тогаш ќе имаме решение и за добри односи со Бугарија и за напредок на регионот кон ЕУ.“- дополни Ковачевски.