Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Богоев: ВМРО-ДПМНЕ лажно ја осудува руската агресија, Левица им обезбедува мнозинство во 15 општини

„ВМРО-ДПМНЕ декларативно ја осудува руската агресија во Украина, а од друга страна во Скопје и 15 други општини мнозинството на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ им го обезбедува Левица, која отворено ја поддржува руската агресија“ рече потпретседателот на СДСМ, Стефан Богоев во „24 анализа“ на ТВ24.

Тој додаде дека Левица во своите ставови е на линија на Москва, а во Град Скопје поради обезбедувањето на мнозинство во советот, поставен е директор на Културно информативниот центар од Левица, како и многу членови на Левица се поставени во управните одбори.

„Од една страна велите ја осудуваме руската агресија, а од друга страна делите од колачот во Град Скопје и 15 други општини со единствената партија што отворено ја поддржува руската агресија“ рече Богоев.

Тој ја повика опзицијата да не биде лицемерна, туку да седнат заедно со власта за да се решаваат крупните проблеми и еднаш пред граѓаните да се покажат заеднички напори и резултати.

Можеби ќе ве интересира

(фото) Санкциониран штипјанец кој управувал возило со брзина констатирана од полициски пресретнувач од 105 км на час во населено место

ДЕСК

Малолетник со пиштол се заканувал кон врсник поради девојка – полицијата го одзеде пиштолот во кој имало еден куршум

ДЕСК

Лишени од слобода девет возачи за безобѕирно управување возило, шест од нив возеле без дозвола, меѓу кои и еден малолетник

ДЕСК