11.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Ковачевски: Не се разговара за аранжман со ММФ, туку за користење на еден од инструментите

Претседателот на Владата Димитар Ковачевски, во интервју за ТВ 21, истакна дека зголемувањето на дефицитот во Буџетот и потребата од дополнителни средства за негово покривање се појави како потреба и во нашата земја како и кај сите држави затоа што во буџетското планирање за 2022 година не беа вклучени зголемените цени на енергенсите и другите стратешки производи кои беа предизвикани заради војната во Украина.

„Заради тоа Министерството за финансии, заедно со Народната банка на државата многу одговорно пристапија кон финансирање на тој дефицит со обезбедување средства по најниска цена. И во вакви услови постојат различни можности за финансирање според најповолна цена за државата“, нагласи премиерот Ковачевски.

Во однос на Меѓународниот монетарен фонд, рече премиерот Ковачевски, ние секоја година имаме разговори со ММФ и навистина не е умесно ова што го прави опозицијата, дека сме имале аранжман.

„Не се разговара за аранжман со ММФ, туку за користење на еден од инструментите до кои се стекнува пристап само врз основа на позитивна оценка која што веќе ја даде ММФ. Се разговара и со други институционални инвеститори заради намалување на цената на финансирање на капиталот. Штом Министерството за финансии ќе заврши со сите разговори, вклучувајќи ги оние кои се водат со Светска Банка, како и со други потенцијални инвеститори, ќе биде јасно за колкава сума станува збор и таа ќе биде вклучена во ребалансот на буџетот кој што кога ќе биде подготвен ќе биде поднесен на усвојување во Собранието“, потенцираше премиерот Ковачевски во интервјуто за ТВ 21.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Премиерот Димитар Ковачевски предводи владина делегација во Обединети Арапски Емирати

M T

Ковачевски: Постоиме благодарение на 11-октомвриското победничко востание и АСНОМ, да бидеме и денес на вистинската страна, напредокот!

M T

Ковачевски: Нека ни е честит и вековит Денот на народното востание, 11 Октомври

M T

Премиерот Ковачевски се сретна со раководството на Синдикатот на УКИМ

M T

Премиерот Ковачевски ќе одржи средба со претседателот на ВМРО ДПМНЕ Мицкоски

M T

Ковачевски: Со 250 милиони евра од само пет проекти, Владата ги поддржува општините

M T