Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

СДСМ: Очигледна е политичката агенда на раководството на СОНК, на штета на децата

Последниот настап на раководството на СОНК наликува на политички настап, со јасна политичка агенда и уцени кои одат на штета на децата, на учениците и на образовниот процес, обвинуваат од СДСМ.

„ Тоа го потврдува вчерашното одбивање на раководството на СОНК на предлогот од Владарта за зголемување на платите во висина од 10 отсто, односно плати повисоки од 2.500 до 3.000 денари по вработен и тоа во време на криза и при законски рокови за усогласување на платите кои не се истечени.

Согласно Законот за минимална плата усогласувањето на платите се врши во рок од 6 месеци, што значи дека нема основа за штрајк, односно штрајк пред истекот на овој рок е смислена уцена. Раководството на СОНК воопшто, ниту еднаш не ги спомна учениците и децата, кои се најважни, ниту пак родителите кои самото раководство на СОНК ги става во неизвесност.

Правото на штрајк е загарантирано, но загарантирано и истовремено поважно е правото на образование на учениците“ велат од партијата.

Можеби ќе ве интересира

Времето драстично се менува: Утрински мразеви и слаб дожд во најава

ДЕСК

Уставниот суд го поништи Законот за изменување на Законот за платите на судиите донесен во февруари 2026 година во Собранието

ДЕСК

Драма во Куманово: Малолетник уапсен по инцидент со пиштол и нож

ДЕСК