24. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

11 години Centar.mk – секогаш на ваша страна!

Денеска се одбележуваат 11 години од основањето на порталот Centar.mk.
Порталот Centar.mk започна со работа на 20 април 2011 и од самиот старт успеа да се издигне како еден од најчитаните медиуми на интернет во земјава, носејќи нови вредности во овој сектор.

Со над сто вести дневно Centar.mk успева со години меѓу најчитаните и најугледните интернет продукти за вести во Македонија, следен од речиси 150.000 граѓани на социјалните мрежи и читаност од 1,5 до 2 милиони посети месечно.

Centar.mk како еден од најугледните онлајн медиуми редовно е цитиран од странски и македонски новински агенции, потврдувајќи го фактот дека се пренесуваат исклучиво точни и проверени вести.

Centar.mk е член на Советот за Етика во Медиумите на Македонија, потписник на кодексот за етика на ИАБ и FB верифициран медиум.

Изразуваме голема благодарност за големата доверба на нашите читатели. Се заблагодаруваме и на нашите партнери, најголемите маркетинг агенции, најголемите и најмоќните компании од телекомуникацискиот, фармацевтскиот, градежниот и енергетскиот сектор и фирми од многу други дејности кои секојдневно ни укажуваат доверба преку маркетинг огласувањето кое кај нас има особена вредност.

И во следниот период ќе се ангажираме уште повеќе во подобрување на квалитетот и развојот на нашиот медиум. Ви благодариме за довербата.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Понижување на народот, власта се гоштева со бадеми и фстаци а граѓаните се оставени сами со скапотијата

C +

СДСМ: Учениците немаат учебници, власта излажа – Јаневска да понесе одговорност

C +

Мицкоски: Седум милиони евра за проекти за развој на Штип

C +