Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Директорот на КИЦ од Левица не знае дали во Украина стварно има војна?

Цитирајќи извадоци од книгата “1984”, Тони Димитров, директорот на КИЦ-Скопје кој доаѓа од Левица пишува дека не знаел дали во Украина има војна или тоа било само во медиумите.

– Во “1984” имаше константна војна “таму некаде на границата” и никој не знае дали стварно се случува или е пропаганда. Битно е популацијата да се држи во постојана тензија и закана со војна. Е па тоа. не знаеме дали има стварно војна или медиумите само пумпаат атмосфера, пишува Димитров на Фејсбук.

На овој начин, се поставува прашање дали Димитров од Левица ги негира злосторствата што се случуваат во Украина по руската инвазија.

Ваквиот став на директорот кој доаѓа од Левица го отвора прашањето дали и неговата партија не знае дали во Украина се војува и дали коалиционите партнери од ВМРО-ДПМНЕ ќе го осудат ваквиот став.

Можеби ќе ве интересира

Скопје под засилена контрола: Санкционирани 113 мотоциклисти, 45 без кацига

C +

Времето денес променливо облачно, со услови за слаб дожд

C +

СДСМ: Мицкоски веќе се подготвува да ги внесе Бугарите во Уставот – комисијата работи цело време

C +