Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Кривична за тројца полицајци

Денеска (19.04.2022) Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција достави кривична пријава против полициските службеници Е.С., Р.Ш. и М.Р., сите од СВР Струмица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „малтретирање во вршење на службата“, казниво по член 143 став 1 од Кривичниот законик.

Пријавените, во својство на полициски службеници, на 06.03.2022 на ул.„Благој Јанков Мучето“ во Струмица, при вршење на службени дејствија употребиле физичка сила и застрашување врз К.Х. Против полициските службеници ќе биде покрената и постапка за утврдување на дисциплинска одговорност.

Можеби ќе ве интересира

СУВО ВРЕМЕ СО УТРИНСКА МАГЛА – Во сабота наутро наместа до −3 °C, детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

ОЈОГОКК вклучено во меѓународна истрага на Европравда против криминална мрежа за инвестициски измами

ДЕСК

Мицкоски: Компанијата „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, најавени и три нови производни капацитети

ДЕСК