Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

240 санкции за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден (18.04.2022) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 240 возачи. Од нив 12 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.

Притоа, 117 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 123 надвор од населено место.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Можеби ќе ве интересира

Истрага за обид за убиство и загрозување на сигурноста на сопругата

C +

Шукова: Крвави ви се рацете, оставка од Тошковски за загубените животи

C +

Средба на директорот на Царина, Николовски, со генералниот директор на СЕЛЕК: Борбата со транснационалниот организиран криминал во фокус на соработката

C +