Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИвест

Солидарно и праведно е сега кога штрајкуват, платата да им ја надомести организаторот на штрајкот, СОНК! – вели Тренчевска

Законот за работни односи кој го регулира правото на штрајк и надоместокот на плата за време на штрајк, како и Колективните договори кои СОНК ги има потпишано во образование и во детска заштита уредуваат дека за време на штрајк, на работниците кои штрајкуват работодавачот исплаќа придонеси на плата на најниската основица за исплата на придонеси, а нето плата може да им исплати организаторот на штрајк, вели Министерката за труд и социјална политика Тренчевска.

Дали СОНК ќе ги надомести платите на наставниците, професорите воспитачите и негувателите, зошто Законот им дава таква можност? Или раководството на СОНК плата ќе си земат ама за членството ќе нема? Чланарина плаќа секој член, секој месец од плата има задршка за СОНК. Солидарно и праведно е сега кога штрајкуват, платата да им ја надомести организаторот на штрајкот, СОНК, вели Тренчевска.

Можеби ќе ве интересира

Филипче до Мицкоски: Ги оставивте работниците без поголеми плати

C +

Мицкоски до Филипче: Сто пати ви кажав, за ЕУ нема да водиме мекотелна политика

C +

Филипче: Од Владата на Мицкоски граѓаните веќе не може да очекуваат ништо, можеби банкрот

C +