Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Ацевски: Позициите на државата се јасни со Резолуцијата, оптеретување на преговорите е непотребно

„Потребно ни е брзо, но не избрзано решение со Бугарија, решение кое ќе биде заснова на реални основи. Позициите на државата се јасни и изгласани во Резолуциајта во Собранието, кое ја поддржаа скоро сите партии“ рече членот на Извршниот одбор на СДСМ, Костадин Ацевски во „24 анализа“ на ТВ24.

Тој додаде дека дополнително оптеретување на преговорите со шпекулации, без да се има предлогот кој е прифатлив за двете страни не е потребно.

„Сите кои се добронамерни, од двете страни и кои сакаат решение, не треба да го оптеретуваат процесот, туку да дадат поддршка за комрпмисно решение“ рече Ацевски.

Поранешниот пратеник од СДСМ изјави дека не може за секој чекор во преговорите да се отвораат дебати во Собранието и во јавноста, бидејќи така се одлоговлекува и се отежнува целиот процес.

„Црвените линии се определени, Владата кажа дека компромисот се гради врз изгласаната Резолуција и македонскиот идентитет и јазик не се чекпаат. Кога ќе има конкретно решение, прифатливо за двете страни тоа ќе биде презентирано и во Собранието и во јавноста и кај нас и во Бугарија“ рече Ацевски.

Можеби ќе ве интересира

Обвинителството оформи предмет по допрен глас за наводите за транспорт на мозоци од починати лица во САД

ДЕСК

СДСМ: Молкот за дрогата од 5 тони е потврда дека скандалот оди до врвот на власта

ДЕСК

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК