Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Ацевски: Граѓаните ќе знаат кога ќе имаме решение со Бугарија

„Црвените линии се јасни, компромисот со Бугарија се гради врз изгласаната Резолуција во Собранието и македонскиот јазик и идентитет не се чекпаат. Кога ќе има конкретно решение кое што ќе треба да се прифати или не, ќе биде презентирано и во Собранието и пред јавноста кај нас и во Бугарија“ изјави членот на Извршниот одбор на СДСМ, Костадин Ацевски во „24 анализа“ на ТВ24.

Тој додаде дека не може на секој чекор од преговорите да се отвораат дебати во Собранието, бидејќи така се оптеретува и одлговлекува целиот процес.

„Ако одново и одново ги дефинираме црвените линии, тоа значи дека ние немаме црвени линии“ рече Ацевски.

Тој повика на поддршка на процесот од сите кои се добронамерни и кои посакуваат решение на проблемот со Бугарија и отворање на преговорите за членство во ЕУ на државата.

Можеби ќе ве интересира

Заев поднесе тужби против Бране Петрушевски и Жан Митрев – целата отштета ќе оди за децата без родители и лицата со посебни потреби

ДЕСК

Обвинителството за куќниот притвор на Груби: Се водиме исклучиво од законските основи

C +

Утре сончево време со температура до 16 степени

C +