20.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИКНАУКА

„Хабл“ ја сними најголемата комета досега, која се приближува до Земјата

Вселенското тело, со пречник од 130 километри, кое се приближува кон нашето Сонце, е „чудовиште“ меѓу кометите и е 50 пати поголемо од јадрото на повеќето познати комети, наведува НАСА, повикувајќи се на снимките на телескопот „Хабл“.

Оваа огромна комета, која беше откриена во 2010 година и наречена „C / 2014 UN271 (Bernardineli-Bernstein)“, всушност е огромно тело со маса од 500 трилиони тони.

Иако е откриен пред 12 години, неговата големина дури сега е потврдена од ветеранскиот вселенски телескоп на НАСА. Иако кометата моментално е оддалечена помалку од 3,2 милијарди километри од Сонцето и се движи кон Земјата, НАСА уверува дека оваа огромна вселенска карпа за среќа не е закана за нас.

Никогаш нема да се приближи на 1,6 милијарди километри од Сонцето, што е малку подалеку од оддалеченоста на планетата Сатурн од нашата ѕвезда. Тоа нема да биде до 2031 година, тврди НАСА.

Со проценета маса од 500 трилиони тони, оваа комета е околу 100.000 пати помасивна од типичните комети кои се многу поблиску до Сонцето.

Во моментов минува низ вселената со брзина од 35.200 километри на час.

За да ја тестираат нејзината големина, на 8 јануари 2022 година, научниците го искористија вселенскиот телескоп Хабл на НАСА и направија пет фотографии од кометата. Кометата е поцрна од јаглен, пренесува „Дејли мејл“.

Научниците веруваат дека оваа огромна комета веројатно се формирала во облакот Орт, најоддалечената област на нашиот Сончев систем, каде што се наоѓаат милијарди други комети

Можеби ќе ве интересира

Швајцарски астрофизичар: За 25 години ќе лоцираме вонземјани

M T

Зошто кралицата Елизабета никогаш службено не ја посети родната земја на својот сопруг

M T

Кралот Чарлс: Ќе и служам на земјата несебично како мајка ми

M T

Експлодираше најголемиот сончев одблесок досега, затемнување на Земјата. Што е следно?

M T

22 Април – Ден на планетата Земја

M T

Украина: Ракетен напад врз градот Љуботин, куќи срамнети со земја

M T