Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Заев: Социјалдемкоратите не се режимски послушници, се обединуваме во демократски блок

“Не очекувајте од социјал-демократите да станат режимски послушници и да почнат да креираат фарми со ботови кои шират лажни вести. Не, јас се противам на тоа. Но, ве уверувам дека може да очекувате консолидација на демократскиот блок, во што левичарите ќе имаат водечка улога” рече експремиерот Зоран Заев во интервју за “Ајидисис”.

Тој додаде дека учат од грешките и дека левичарите нема да седат и да дискутираат бескрајно додека крајната десница ја загрозува безбедноста.

“Светот се промени, а особено регионот. Ние на Балканот денес добро знаеме дека мирот ни е многу скапоцен и дека нема да дозволиме некој туку така да го загрози” рече Заев.

Поранешниот премиер додаде дека целите поради кои сум влегол во политика, се целите заради кои останува општествено активен – солидарност и поддршка, помош за послабите и ранливите, слобода на мислата и изразувањето, соработка, слобода на движење и бришење на пречките и границите.

Можеби ќе ве интересира

Синоптичарите излегоа со прогноза – Какво време да очекуваме денеска?

ДЕСК

Мицкоски на пуштање на употреба на реконструираните 6 операциони сали во Клинички центар „Мајка Тереза“

ДЕСК

ВАЖНА ВЕСТ ЗА ГРАЃАНИТЕ КОИ ПАТУВААТ ВО ЗЕМЈИ ЧЛЕНКИ НА ЕУ: Започнува електронската евиденција и контрола на граничните премини на државјаните од државите кои не се членки на ЕУ

ДЕСК