8. октомври 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Сонк одлучи штрајкот да продолжи

Претседателот на СОНК, Јаким Неделков вели дека не веруваат дека некој сака да ги измами.

-Сѐ ќе излезе на виделина. И двете страни во две работи се согласуваме дека платите треба да се зголемат и втората работа е дека сакаме што побрзо да се прекине штрајкот. Тоа ни е заедничко во интерес на учениците и родителите. Ова испаѓа дека сме влегле во штрајк со ветување дека ќе имаме зголемување на платите. Ова не е бадијала. Членството ќе одлучи за понатака, рече Неделков во вестите на ТВ Сител после денешната неуспешна средба и преговори со Министерството за образование и наука за прекинување на штрајкот.

Според него, целта е поткрепена со факти.

-Нашите членови беа незадоволни и иницираа ова да се случи. Ние разговаравме и дадовме предлог. Имаше реторика од министерот дека некои од владата не сакаат да се преговара поради овие услови. Знаеме дека под притисок е владата, но и СОНК е под притисок на членството. Работиме во нивен интерес. До утре вечер и петок изутрина да имаме предлог, за да можеме преку викендов да го разгледаме. Немаме друг избор, потенцира Неделков и додава:

-Не сме разговарале за црвени линии. Владата мора да сфати дека сме во незавидна ситуација како Синдикат. Ова не е одлука на раководството. Мора нешто да ни понудат, за да го разгледаме. Очекуваме притисоци и во училиштата.