Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Притвор за осомничен за тешки кражби во Велес

Основното јавно обвинителство Велес поведе постапка против 20-годишен велешанец против кого се поднесени три кривични пријави за кривични дела – Тешка кражба од член 236 став 1 точка 1 од Кривичниот законик.

Во временскиот период од 10 јануари до 11 април годинава, осомничениот, со совладување препреки, влегол во три куќи во Велес и одзел поголем број подвижни предмети со намера истите противправно да ги присвои.

Бидејќи се работи за лице кое нема постојано место на живеење и се јавува како чест сторител на кривични дела против имотот, па постои опасност доколку се брани од слобода да се даде во бегство, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основен суд Велес поднесе предлог за определување притвор против осомничениот. Судијата на претходна постапка го прифати предлогот и на осомничениот му определи мерка притвор во траење од 8 дена.

Можеби ќе ве интересира

Обвинителството оформи предмет по допрен глас за наводите за транспорт на мозоци од починати лица во САД

ДЕСК

СДСМ: Молкот за дрогата од 5 тони е потврда дека скандалот оди до врвот на власта

ДЕСК

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК