Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Пофалби за Владата од Стејт депарментот за преземените чекори за истраги за корупција на функционери

Стејт департментот во својот извештај за практиките на човекови права во земјава за минатата година, како позитивни ги истакнува преземените чекори за идентификување, истражување, покренувања обвиненија и казнување на владини функционери кои вршеле злоупотреби или се вклучувале во корупција.

Во извештајот се истакнува дека законите предвидуваат казни за корупција од владини функционери и се потенцира фактот што се преземале мерки за казнување на ваквите сторители.

Од Стејт департментот исто така го потенцираат податокот што Народниот правобранител смета дека полициската неказнивост продолжува да биде проблем, иако се забележува дека тоа е случај помалку од претходно.

За работата на полицијата, Стејт департментот заклучува дека добро ја одржува безбедноста на земјата, вклучително и миграцијата и обезбедувањето на границите. Исто така се потенцира дека цивилните власти имаат ефикасна и ефективна контрола врз безбедносните сили.

Можеби ќе ве интересира

Најавен протест, овој сообраќаен правец ќе биде целосно блокиран за сообраќај – Каква е состојбата на патиштата?

ДЕСК

Предавничката Резолуција е спротивна на Уставот, ќе ја одбраниме демократијата! – порачаа од СДСМ

ДЕСК

Визија на националната стратегија за образование – обезбедување квалитетно и инклузивно образование, достапно за сите

ДЕСК