Centar.mk
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Kовачевски: Дезинформации пласираат оние кои не сакаат земјата да напредува

Во интервју за австрискиот весник „Ди Пресе“, претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски се осврнува на дезинформациите што во нашата земја се пласираат во контекст на актуелните политички случувања и војната во Украина.

„Тие потекнуваат од трети земји кои не сакаат оваа земја да напредува и да се развива. Ова е јасно финансирано од Русија. Затоа членството во ЕУ е наша стратешка цел. Тоа нуди слобода на критичко размислување, социјална правда и економски просперитет. Тоа го сакаат и луѓето во Северна Македонија и во регионот“, истакнува за „Ди Пресе“ Ковачевски.

Премиерот Ковачевски во интервјуто вели дека Република Северна Македонија во целост ја спроведува одлуката на Советот на Европа за забраната за емитување на руските медиуми „Спутник“ и „РТ“, како што неодамна направија и САД, Велика Британија и други земји.

„Северна Македонија целосно ја усогласи својата надворешна политика со ЕУ. За прв пат воведовме санкции кон Русија, почнувајќи со оние од 2014 година “, посочи премиерот Ковачевски за австрискиот медиум.

Можеби ќе ве интересира

ЌЕ СЕ ФОРМИРА СНЕЖНА ПОКРИВКА ДО 15 СМ НА ПЛАНИНИТЕ: Најавени пообилни врнежи на дожд низ цела Македонија, некаде ќе преминуваат во снег – Метеоцентар со детална четиридневна прогноза

ДЕСК

Ако ЕУ има решение за Украина и Молдавија, лесно ќе најде и за нас, пoрача Сиљановска-Давкова во годишното обраќање

C +

Претседателот на Собранието Гаши донираше средства за училиштата „Златан Сремец“ – Скопје, „Иднина“ – Скопје и „Лирија“ – Тетово

ДЕСК