1. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Балкоски: Ако ВМРО-ДПМНЕ знаат за фирмата на Груевски, треба да излезат и да кажат

САД ги стави на „црна листа“ поранешниот македонски премиер Никола Груевски и некогашниот прв човек на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков. Причината за овој потег, како што соопштија американските власти, е вмешаноста на Груевски и Мијалков во „значителна корупција“. По ваквата одлука на Вашингтон, со експресна реакција се јавија и Мијалков и Груевски, но не се огласи нивната партија ВМРО-ДПМНЕ.

-Треба да нѐ загрижи како држава оваа тема која се објави и набргу беше потисната од други настани. Инаку, ова е извршна наредба на претседателот на САД за заштита на неговата земја но и за заштита на демократијата на Западен Балкан, вели за Утрински брифинг пратеникот на ВМРО-НП Љупчо Балкоски.

Тој вели дека црната листа треба да се гледа токму од овие две перспективи бидејќи има и политичари кои се на оваа листа и од други земји на Балканот.

Во соопштението од Стејт департментот е именувана и фирмата на Никола Груевски за која никој ништо не зборува во Македонија.

-Кај нас ниедна институција не се занимава со тоа. Ако од неговата партија има луѓе кои знаат за работењето на оваа фирма треба да излезат и да кажат. Како партија која е засегната, тие треба да излезат и да дадат став, вели Балкоски.

Во врска со чудните околности на излегувањето на Груевски од земјата Балкоски вели дека повеќе би сакал да станува збор за неодговорност на власта, а не за некакви тајни договори.

-Се надевам дека оваа опомена од САД ќе ја свести власта. Ова не нѐ засега само нас туку има и регионален контекст, го засега и Западен Балкан, вели Балкоски.

Тој вели дека ние како членка на НАТО треба да се демократизираме, а оваа тема со Груевски и црната листа треба да се одржува додека не се расветли бидејќи за првпат на оваа црна листа се најдува некој од Македонија поради корупција.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски вели дека во споредба плата-трошоци за живот, подобри сме од Грција, Португалија, Кипар, Унгарија…

ДЕСК

Голема полициска акција вечерва кај патарината кон Куманово, сообраќајот во колапс

ДЕСК

СВЕЖО И НЕСТАБИЛНО ВРЕМЕ И СЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ, ОД ВТОРНИК ПРЕСВРТ – Метеоцентар со неколкудневна прогноза

ДЕСК