Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈАИЗБОР

Неделков: Генерален штрајк од утре, Владата да го одврзе ќесето за што поскоро да започне наставата

Пред утрешниот штрајк, Неделков повторно упати апел до сите вклучени во образовниот процес да бидат истрајни и да не се откажуваат од барањата, а тоа се зголемување на платите во образованието за 18,4 отсто.

Причините за штрајкот се општо познати, сакам да кажам дека за жал во овој изминат период скоро еден месец, во кој имавме интензивни контакти со надлежните Министерства, па и вклучување на претставници на Владата, како премиерот, вицепремиерот и министерот за финансии, до денеска немаме позитивни резултати во однос на нашите барања. Со оглед на тоа дека одлуката е донесена во согласност со голем број наши членови, неминовно е штрајкот да започне утре, како што беше најавено, изјави претседателот на СОНК, Јаким Неделков на денешната пресконференција во пресрет на утрешниот штрајк.

Иако генералниот штрајк во градинките и училиштата започнува утре, Неделков истакна дека се надева оти претставници на Владата наскоро ќе ги повикаат на разговори за време на кои ќе се изнајде решение за зголемување на платите во образованието.

„Апелирам до владата што побрзо да не повика на преговори, да сфати дека со ваков однос кон вработените кои се од витално значење за државата не се оди никаде, да не повикаат да најдеме заедничко прифатливо решение. Владата што поскоро да го одврзат ќесето, да ги исполнат барањата на синдикатот и што поскоро да започне наставата“,

нагласи Неделков.

Можеби ќе ве интересира

МИР ПРЕД БУРА: По стабилните денови следуваат дожд и грмежи – објавена е четиридневна прогноза за времето

ДЕСК

ТЕПАЧКА ПРЕД ХОТЕЛ ВО СКОПЈЕ: Расправија меѓу вработени заврши со физичка пресметка, полицијата излезе со детали

ДЕСК

ГРАБЕЖ СРЕДЕ БЕЛ ДЕН ВО ЦЕНТАР: Со сила ѝ го скинал накитот на жена на постојка

ДЕСК