Понекогаш тие можат да бидат знак за анемија, често се генетски по природа, но и последица на стареење или непроспиени ноќи.
Темните кругови под очите се повеќе естетски отколку здравствен проблем. Понекогаш тие можат да бидат знак за анемија, често се генетски по природа, но и последица на стареење или непроспиени ноќи.
Иако многу луѓе се обидуваат да ги прикријат со шминка или очила, темните кругови сепак се видливи. Експертите велат дека најважно е да се откријат причините кои влијаат на појавата на темните кругови под очите.
Намалување на отокот
Наспијте се – темните кругови под очите често се резултат на неправилен и лош сон. Недостатокот на сон може да ги направи темните кругови под очите уште потемни. Истражувањата покажуваат дека редовниот сон може да ги избледи темните кругови под очите.
Подигнете ја перницата – Кај некои луѓе наутро, веднаш по будењето се забележуваат темни кругови. Повисокиот потпирач за глава може да спречи таложење вода и отекување на лицето и очите.
Ладни облоги – Ладните облоги можат да ги стеснат крвните садови околу очите и со тоа да ги направат темните кругови помалку видливи, бидејќи го намалуваат и отокот околу очите.
Заштита од сонце – Ултравиолетовото зрачење може да ја влоши појавата на темни кругови под очите. Препорачливо е да се носат очила за време на сончеви денови, да се нанесуваат хидратантни креми околу очите, а лицето и главата да се заштитат со капа.
Свежа краставица
Краставица и ќесички чај – Свежата краставица влијае на состојбата на подочњаците. Се смета дека делуваат слично како ладни облоги и го намалуваат отокот. Ладната краставица може да помогне за подочњаците предизвикани од алергии или недостаток на сон. Истиот ефект го имаат и ќесичките со ладен чај. Чајот со вишок на кофеин, како што е црниот чај, се смета за особено добар.
Витамин Ц – може да го поттикне производството на колаген, што обезбедува подобра циркулација и спречува згрутчување на крвта во крвните садови, што резултира со темни кругови под очите. Совет е да нанесувате козметички производи кои го содржат овој витамин.
Помага и ретинол
Кремите збогатени со ретинол можат до одреден степен да ги избледат темните кругови под очите. Овие производи, кои се добиени од витаминот А, го намалуваат нивото на меланин, кој и дава темна боја на кожата. Сепак, ретинолот не е добар за секого, препорачливо е да се консултирате со здравствен работник пред да ги нанесете овие креми.
Кофеинот и витаминот К.
Во едно истражување беше испитана ефикасноста на маските против брчки и темни кругови. Маските содржеле 3 отсто кофеин и 1 отсто витамин К. Учесниците во студијата ги нанесувале овие маски секоја вечер во текот на четири недели. Забележано е дека по четири недели третман, очните капаци се помалку изразени, тврди студијата. Сепак, експертите велат дека се потребни дополнителни истражувања за да се потврди ефикасноста на кофеинот и витаминот К.
Основата за шминка со додавање на минерали може да ги покрие темните кругови под очите. Оптичките дифузери се козметика која ја рефлектира светлината од кожата и може да го подобри изгледот на темните кругови. На овој начин темните кругови можат само да се сокријат, но не и да се спречат.
Не заборавајте дека на темните кругови влијаат и генетските фактори, вишокот меланин, хиперпигментацијата која се јавува после некои воспаленија, алергии, анемија и животни навики.