Centar.mk
МОЗАИКЗДРАВЈЕ

НЕОПХОДНО ЗА ИМУНИТЕТ – Недостигот на одредени витамини е најопасен во пролет

Напролет, нашиот имунитет е често ослабен пред се поради недостатокот на сонце во текот на зимата, силната и калорична храна која најчесто е нутритивно сиромашна, а сето тоа не прави поподложни на вирусни инфекции.

За телото да биде во добра форма, неопходно е да се јаде храна која содржи витамини растворливи во масти.

Првото нешто што треба да го внесеме во пролет е витаминот Д, кој помага да се компензира недостатокот на сончева светлина. Иако оваа хранлива материја не можеме да ја замениме само преку исхраната, можеме донекаде да го подигнеме неговото ниво ако јадеме масна риба – харинга, скуша и други видови. Поголемиот дел од овој витамин се наоѓа во црниот дроб на бакаларот.

Друг витамин растворлив во масти, кој на човекот му е потребен на пролет е витаминот А. Тој е особено потребен во овој период, поради ризикот од вирусни заболувања кои го ослабуваат имунолошкиот систем.

Витаминот А е неопходен за нормално функционирање на очите и обновување на мукозната мембрана. Односно, делува како имуномодулатор, бидејќи вирусот ја „фаќа“ мукозната мембрана. Овој витамин го има во путерот, кајмакот, павлаката, жолчката од јајце.

Напролет треба да внимавате на храната која содржи претходник на витамин А – бета-каротен. Овој елемент се наоѓа во жолто-портокаловиот зеленчук и овошје: моркови, тикви, агруми, суви кајсии и така натаму.

Витаминот Ц, исто така, ќе помогне да се спречи хиповитаминоза и да се зајакне имунитетот во пролет. Витаминот Ц е директно поврзан со имунитетот, без кој не се произведуваат интерферони (заштитни клеточни протеини). Овој витамин го има во пиперките, замрзнатите рибизли, кисела зелка, брокула, агруми и брусница.

Можеби ќе ве интересира

Дневен хороскоп за 15 јануари 2026

ДЕСК

Емоции, пари и тајни одлуки: Што навистина носи 14 јануари за хороскопските знаци

ДЕСК

Февруари носи пресврт за Вагите по две години искушенија и несреќи: Судбината конечно им враќа со добро

ДЕСК