Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

93 санкции за непропуштање пешаци на пешачки премин

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (08.04.2022) во периодот од 13.00 до 18.00 часот на територијата на Република Северна Македонија спроведе засилена акциска контрола за санкционирање на возачите кои не ги пропуштаат пешаците на пешачки премин, односно не ги почитуваат обврските како возачи. При контролата санкционирани се 93 возачи.

Министерството за внатрешни работи продолжува со засилените акциски контроли. Апелираме до возачите секогаш да ги пропуштаат пешаците, односно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Исто така, апелираме и до пешаците да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и да го минуваат коловозот на обележан пешачки премин затоа што непочитувањето на сообраќајните правила ќе биде санкционирано. Сите заеднички, со почитување на правилата, да придонесеме за побезбедни сообраќајници.

Можеби ќе ве интересира

СЕ РАЗВЕДУВААТ, НО КРЕДИТОТ ОСТАНУВА – Кој продолжува да ги плаќа заедничките долгови?

ДЕСК

СРЕДНОШКОЛЦИТЕ ВЛЕГУВААТ ВО СОБРАНИСКА ДЕБАТА – Дезинформациите и вештачката интелигенција пред пратениците

ДЕСК

ПЛАТИТЕ ВО ОДБРАНАТА ВО ФОКУСОТ – Мисајловски денеска ќе ги претстави плановите за зголемување

ДЕСК