Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈАИЗБОР

(Фото) Организаторката на протестот на матичните лекари Дрвишова наплатитла 3.600 евра за капитација изминатиот месец

Претседателката на Здружението, докторката Лилија Чолакова Дервишова, која го води и го организира протестот на матичните лекари, месечно добивала 3.600 евра за капитација (3.578 евра).

Фактура со потврда за ова, до нашата редакција доставија извори од приватните лекари, којашто ја објавуваме.

Прашањето е од што е незадоволна Дервишова? Што во време на криза добива речиси 4.000 евра месечно?

Докторката Лилија Чолакова Дервишова треба да се изјасни за овие фактури и да одговори од што е незадоволна.

Ова фрла голем сомнеж за протестот на матичните лекари. Дали е поради реално незадоволство или многу поизвесно е дека протестот има друга позадина, политичка.

Имено, Лилија Чолакова Дервишова е познат член и активист на ВМРО-ДПМНЕ од Општинскиот комитет во Велес.

Позната е во јавноста што поведе иницијатива пред Уставниот суд за оспорување на одлуката за наградување на здравствените работници во борбата со Ковид 19.

Можеби ќе ве интересира

Лишени од слобода осум возачи за безобѕирно управување возило, од нив еден без дозвола управувал возило кое го украл, а еден управувал трактор под дејство на алкохол, предизвикал сообраќајна незгода и го напуштил местото

ДЕСК

Пронајден возачот кои удри во малолетничка и избега, следува кривична пријава

ДЕСК

Вечерва слаб снег вее на овој патен правец, каква е состојбата на патиштата?

ДЕСК