Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Заработувал пари од странство и подигал кеш без да плати данок – кривична пријава за скојанец

СВР Скопје – Единица за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против А.Б.(45) од Скопје за сторено кривично дело „даночно затајување” по чл.279 ст.1 од Кривичниот законик. Пријавениот во текот на 2020 година во повеќе наврати, од повеќе лица од странство, реализирал приливи на девизни парични средства во вкупен износ од 1.547.765 денари кои, со намера да го одбегне плаќањето на данокот на личен доход, не ги пријавил како друг доход и не поднел задолжителна Годишна даночна пријава до Управата за јавни приходи, за нив не пресметал и не платил данок на личен доход во износ од 10% од вкупниот доход. Со ова А.Б. го оштетил Буџетот на Република Северна Македонија и се стекнал со противправна имотна корист во износ од вкупно 154.776 денари.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Дефокусот служи за прикривање на кражбата, кучињата лаат- караванот врви

ДЕСК

Филипче: Нападите врз мене и СДСМ се зголемија по договорот „мигранти за пари“

ДЕСК

Променливо oблачно време до сабота, а потоа врнежи од дожд и снег

ДЕСК