23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Кузеска: Растат платите, пензиите и финансиската помош, го штитиме стандардот на граѓаните

Како што додаде, Владата предводена од СДСМ во време најголемата светска економска криза во последните 70 години, обезбедува силна поддршка за граѓаните и за компаниите.

„Антикризните мерки, пред сè укинувањето на ДДВ за основните прехранбени производи, горивата, субвенционирањето на сметките за електрична енергија, овозможуваат повеќе пари да останат во семејните буџети. Истовремено СДСМ работи на подобрување на животниот стандард на граѓаните со континуирано зголемување на платите. Благодарение на успешните политики просечната плата се зголеми на речиси 30.000 денари. Тоа е за над 6.000 денари повеќе, во однос на периодот од пред четири и пол години“, рече Кузеска.

Таа рече и дека во изминатите години се покачиле платите на наставниците, вработените во здравството, социјалната заштита, во градинките, полицијата, културата, во високото образование.

„Платите на наставниците за 4 години се зголемија за над 2 илјади денари, а во градинките за 21 отсто. Потпишувањето на колективниот договор за високо образование за првпат обезбеди раст на платите просечно за 10 отсто“, рече Кузеска.

Додаде дека Владата успеала да обезбеди и рекорден раст на пензиите, но и дополнителна помош за пензионерите и за семејствата во социјален ризик. Двојно е зголемена минималната плата на 18.000 денари. Над 80.000 работници денес земаат минимална плата повисока за околу 10.000 денари во споредба со времето кога ВМРО-ДПМНЕ беа на власт, кога платите во одредени дејности беа 8.800 денари, а ВМРО-ДПМНЕ се фалеше со евтина работна сила, додаде Кузеска.