Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈАвест

Каевски: По 20 години се спроведе попис, некои политички чинители манипулираат со бројките

„Драго ми е што по 20 години се спроведе релеватен и точен попис, што требаше да биде статистичка операција. Сепак, одредени политички чинители дадоа политичка конотација и дополнително ги манипулираа граѓаните во целиот период“ изјави пратеникот од СДСМ, Дарко Каевски во емисијата „24 анализа“ на ТВ24.

Тој додаде дека не ја знае причината зошто одредени политички партии го саботираат пописот, кој е важен за идното планирање на државата.

„Пописот е спроведен во согласност со сите стандарди на Обединетите Нации и препораките на Евростат. Имаме и признание од релевантни институции дека пописот е спроведен како што треба“ рече Каевски.

Тој додаде дека наместо да се дискутира за тоа која заедница колку е застапена, акцетот треба да се стави на прашањата зошто има иселување на младите и колку градови останаа без сериозна бројка на граѓани.

„Верувам дека во периодот што следи ќе ги извлечеме поуките и политичките партии, претежно од опозицијата, нема да создаваат магла и делување што ја отежнува целата работа, туку ќе изградат став за сериозни прашања врз кои треба да делуваме“ рече Каевски.

Можеби ќе ве интересира

ДРАСТИЧНИ ПРОМЕНИ СО ВРЕМЕТО: Синоптичарите излегоа со повеќедневна прогноза

ДЕСК

Цела недела променливо облачно време, за викендот невреме

C +

Уапсени 34 возачи, изминатите два дена 1.026 сообраќајни прекршоци

C +