Неодговорноста и лошото менаџирање со јавните претпријатија на кадрите на ВМРО-ДПМНЕ и Данела Арсовска во Скопје, во изминатите неколку месеци, излегоа на виделина.
Додека Арсовска троши 670 илјади евра за партиски вработувања, во ЈП „Лајка“ вработените со месеци немаат земено плата, изјави на денешната прес-конференција Лилјана Божиновска, советничка во Советот на Град Скопје.
Нема соодветни набавки на храна и медицински материјал кои веќе недостасуваат.
Так додаде дека само неколку улични кучиња се третирани во изминатиот период, што е премалку а градот Скопје не прави ништо освен што сака и во ова јавни претпријатије да вдоми партиски кадар.
Работата на Лајка е клучна за хуман третман и згрижување на бездомните кучиња а со овој начин на лошо управување тоа е загрозено.
Божиновска изјави дека со недомаќинско работење и лошо менаџирање за само неколку месеци се заканува враќање на старите проблеми со Вардариште, нехуман третман и повторно зголемување на уличните кучиња во градот.
Советениците на СДСМ во Советот на Град Скопје бараат од Арсвовска веднаш да ги исплати сите заостанати плати на вработените во Лајка, да се набави храна и медицински материјал и да се обезбеди нормално функционирање на стационарот.