24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МЕТЕОCENTARТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

УХМР предупреди: Невреме со силен ветер, пороен дожд и грмежи, некаде град, а некаде и снег – Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

Денес на повеќе места времето ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи.

Променливо облачно со сончеви периоди и со умерен до засилен југоисточен ветер. Попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално ќе има појава на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и услови за ретка појава на ситен град (повеќе услови ќе има во источните делови). Максималната температура ќе биде во интервал од 15 до 22 степени.

Времето и метеоролошки параметри за Скопје: Променливо облачно, со засилен јужен ветер. Попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и силен ветер. T= 20 °C, P= 962 hPa, U= 70 %, V= 8 m/s.

Утре ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, особено во крајните западни и крајните источни делови. Попладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Ќе дува силен југозападен ветер. Кон крајот на денот на планините врнежите ќе преминат во снег.

Во следните денови ќе се задржи променливо облачно и посвежо време со повремени локални врнежи од дожд, а на планините со врнежи од снег. Утре ќе дува силен југозападен ветер, а попладне на места повторно ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи.

Прогноза за 03.04.2022
Минимална температура: 0°C до 4°C Максимална температура: 9°C до 18°C

Прогноза за 04.04.2022
Минимална температура: -3°C до 3°C Максимална температура: 9°C до 16°C

Прогноза за 05.04.2022
Минимална температура: 1°C до 5°C Максимална температура: 12°C до 18°C