Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Трите награди за мир на Заев од 47.500 евра отишле во фондот за борба против ковид

Екс-премиерот Зоран Заев, како што е наведено во неговиот анкетен лист за имотната состојба што го приложил по завршувањето на функцијата, додека бил премиер добил три меѓународни награди за мир со висок паричен износ.

Едната е наградата „Фридрих Еберт“ за човекови права добиена во 2020 во Берлин која се состоела од плакета и паричен износ од 10.000 евра што ги дал во здравствениот фонд за борба со Ковид 19. Заев во 2020 година добил уште една награда за мир – Хесенската награда за мир на фондацијата „Алберт Освалд“ во покраината Хесе, Германија која се состоела од плакета и парични средство од 12.500 евра кои потоа исто така ги донирал во здравствениот фонд.

И третата награда што ја доби Заев заедно со поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас во 2021 година, е Меѓународната награда за мир на Вестфалија, во висина од 25.000 евра, која ја пренасочил во здравствениот фонд за борба против ковид, стои во анкетниот лист на поранешниот премиер.

Можеби ќе ве интересира

Со нови 215.000 садници, Халкбанк и оваа сезона ја продолжува иницијативата „Еден милион садници за 5 години“

ДЕСК

Митева како политички незрел потег ја оцени најавата на СДСМ за повлекување од работната група за изборниот законик

ДЕСК

Мисајловски ги отвори редовните билатерални одбранбени консултации со САД – нашето стратешко партнерство ја зацврстува македонската одбрана и колективната безбедност во НАТО

ДЕСК