6. октомври 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАБИЗНИС

Од денеска работодавачите може да аплицираат за финансиска помош за исплата на минимална плата

Управата за јавни приходи (УЈП) ги информира сите работодавачи, дека од денеска ќе може да аплицираат за добивање на финаниска помош за исплата на минимална плата.

На веб-страната на УЈП, веќе е поставен клиентскиот софтвер преку кој може да се поднесе барање за финансиската помош, за исплата на разликата од придонесите на нето зголемената минимална плата, наведуваат од Управата.

„Работодавачите кои сакаат да користат ваква државна помош, при поднесување на МПИН, во полето 3.23 треба да ја внесат шифрата 405, за сите вработени за кој побаруваат финансиска помош.

Работодавачите кои веќе ја исплатиле мартовската плата, а не побарале финансиска помош, истото може да го сторат со поднесување на исправка со внес на шифра 103, само за вработените лица за кои бараат обезбедување на финансиска помош.

Право на користење на оваа финансиска поддршка имаат сите работодавачи кои не се ослободени од плаќање на придонеси од задолжително социјално осигурување или данок на личен доход за вработеното лице. Апликантите потребно е да имаат статус на активен обврзник и да ги имаат подмирено обврските за исплата на плата, придонеси од задолжително социјално осигурување и даноци, заклучно со последниот ден од месец февруари или сите следни месеци за кои ќе бараат ваква финансиска помош“, се наведува во соопштението од УЈП.

Од таму додаваат и дека финансиската помош се остварува по исплата на платата за месецот за кој се обезбедува, а исплатата ќе се врши преку Министерството за труд и социјална политика.

„Финансиска помош неможе да користи работодавач кој користи субвенционирање на придонеси од задолжително социјално осигурување за работници заради зголемување на плата, обврзник кој користи мерка за субвенција на плата преку Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување за работници, за периодот додека ја користи мерката, орган на државна и на локална власт и други државни органи основани согласно со Уставот на Република Северна Македонија и со закон, институција која врши дејност од областа на образованието, науката, здравството, културата, трудот, социјалната заштита и заштитата на детето, спортот, како и во други дејности од јавен интерес утврден со закон, а организирани како агенции, фондови, јавни установи и јавни претпријатија основани од Република Северна Македонија или од општините од градот Скопје, како и од општините во градот Скопје, приватна агенција за вработување за осигуреник кој е отстапен кај работодавач од јавен сектор.

Работодавачите кои ќе добијат финансиска помош се должни работникот за кој ќе добијат поддршка да го задржат на работа најмалку една година по завршувањето на користење на мерката. Работодавачите кои нема да го испочитуваат оваа правило, по отпуштање на работникот ќе треба во рок од 30 дена да го вратат износот на добиената помош. Оваа одредба нема да важи ако работникот за кои е добиена помош во меѓувреме се пензионира, ако настане смрт или пак ако работникот сам си даде отказ од работното место“, информираат од УЈП и додаваат дека преку ваквите мерки на директен начин се намалуваат давачките што работодавачите ги имаат за придонеси.

Можеби ќе ве интересира

По 1.000 денари за пензионерите во април, мај и јуни

M T

УЈП со важна информација за граѓаните кои оствариле приход од закуп, подзакуп или капитална добивка

CENTAR MKD

Кој колку должи на државата за данок: УЈП објави листа со целосни имиња на фирми и граѓани кои имаат голем борч

CENTAR MKD

Државата им помага на компаниите со 14.500-21.700 денари месечно за плати на вработените – Почна аплицирањето за ноемвриската помош

CENTAR MKD

Проверете дали сте на неа – УЈП ја објави најновата листа на должници

CENTAR MKD

Државата им помага на погодените компании – За секој вработен плата од 14.500 до 21.776 денари, Лукаревска детално ги објави условите

CENTAR MKD