Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Ковачевски: Со економските мерки спречивме ценовен шок и ги помагаме граѓаните

„Со сите економски мерки што Владата ги спроведе изминатиот период за справување со кризата, спречивме економски шокови за граѓаните и им помогнавме полесно да се справат“ рече премиерот Димитар Ковачевски во емисијата „360 степени“ на АлсатМ.

Тој кажа дека за најранливите 35 илјади граѓани се обезбедени по 1000 денари дополнително за храна, се зголеми пензијата на пензионерите, како и минималната плата за најмалку платените работници.

„Не дозволивме цената на енергенсите да предизвика шок, а мислевме и на цената на храната. За сите мерки направивме анализа за ефектите врз стандардот на граѓаните, која ќе објавиме наскоро“ изјави Ковачевски.

Премиерот кажа дека со намалувањето на ДДВ од 5 на 0 проценти на основните продукти граѓаните месечно штедат по 1500 денари во просек, додека пак со субвенционирањето на струјата, сметките на граѓаните се за 2150 денари пониски.

Можеби ќе ве интересира

ЌЕ СЕ ФОРМИРА СНЕЖНА ПОКРИВКА ДО 15 СМ НА ПЛАНИНИТЕ: Најавени пообилни врнежи на дожд низ цела Македонија, некаде ќе преминуваат во снег – Метеоцентар со детална четиридневна прогноза

ДЕСК

Ако ЕУ има решение за Украина и Молдавија, лесно ќе најде и за нас, пoрача Сиљановска-Давкова во годишното обраќање

C +

Претседателот на Собранието Гаши донираше средства за училиштата „Златан Сремец“ – Скопје, „Иднина“ – Скопје и „Лирија“ – Тетово

ДЕСК