Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈАвест

Ковачевски: Опозицијата спроведе активен и скриен бојкот на пописот

Има неколку причини поради кои околу 132.000 граѓани не се опфатени со пописот, но имаме одличен опфат на населението на пописот истакна претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски во интервју за емисијата „360 Степени“ на Телевизија Алсат.

„Прво, пописот беше спроведен во време на ковид пандемија, поради што дел од граѓаните не можеа да ги отворат вратите, второ, имавме поместување по барање на опозицијата од април за септември, период во кои оние граѓани кои живеат во руралните средини излегуваат на полињата на работа и трето, имаше и активен и скриен бојкот од опозицијата“ порача Ковачевски.

Претседателот Ковачевски истакна дека повиците за бојкот и бојкотот на попишувањето нанесоа штета најмногу на Македонците.

„Левица беше против попишувањето, а ВМРО-ДПМНЕ прво водеше кампања за бојкот на пописот, а потоа имаше и скриен бојкот на пописот кој што им направи лоша услуга пред се на Македонците. Така што ние не можеме да зборуваме за критики на пописот, особено не од оние кои тој проблем и го креираа со тоа што на своето гласачко тело и на своите симпатизери им кажуваа дека не треба да излегуваат на попис.“ заклучи Ковачевски.

Можеби ќе ве интересира

Снег на Попова Шапка, магла на одредени патни правци, сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови

C +

Утре променливо облачно и релативно топло

C +

Филипче: Пари за 600 евра минимална плата само со кратење на луксузот на власта

ДЕСК