Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Ковачевски: Унапредени се односите со Бугарија, за секој напредок ја информираме јавноста

„Опипливите резултати на работните групи и унапредените односи меѓу Северна Македонија и Бугарија даваат причина за задоволство и кај премиерот на Бугарија, Кирил Петков и кај мене“ изјави премиерот Димтиар Ковачевски во емисијата „360 степени“ на АлсатМ.

Тој додаде дека задоволството се должи на напредокот на работата на работните групи, бидејќи сега има дијалог наспроти минималната комуникација претходно, кога медиумскиот простор беше доминиран од пропагандисти кои ширеа хистерија.

„Од формирањето на работните групи имаме опипливи резултати – го имаме авионскиот лет, кој функционира, имаме и први стипендии кои се доделуваат за наши студенти во Бугарија, а вчера имаше средба за проекти за прекугранична соработка. Тоа е тоа што дава задоволство и кај премиерот на Бугарија и кај мене“ рече Ковачевски.

Премиерот Ковачевски исто така потенцираше дека за јазикот, идентитетот и посебноста на македонскиот народ по сите основи не се предмет и нема да бидат предмет на разговори.

Можеби ќе ве интересира

Првиот заменик претседател на Владата и министер за европски прашања Беким Сали официјално го отвори 11-тиот ЕУСАИР Форум во Скопје

ДЕСК

НЕВРЕМЕ ВО МАКЕДОНИЈА: УХМР со вонредни најави за времето

ДЕСК

(фото) Царинска управа: Златна плочка вредна 4,5 милиони денари пронајдена во чевел на патник на граничен премин Богородица

ДЕСК