7.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Претреси во Скопје, пронајдени над 600 грама амфетамин, приведени двајца криминалци

На 29.03.2022 околу 04.00 часот на подрачјето на Карпош, полициски службеници од ЕВР Карпош ги лишиле од слобода В.Ѓ.(43) и Н.Т.(31), двајцата од Скопје, поради сомнение дека се сторители на кривични дела тешки кражби. При преглед во возилото „мерцедес“, со скопски регистарски ознаки, во кое се превезувале, биле пронајдени повеќе предмети погодни за извршување на кривичните дела.

Додека при претрес во домот на В.Ѓ., извршен со судска наредба, од полициски службеници од ЕВР Карпош и Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје, биле пронајдени и одземени повеќе од 600 грама амфетамин и предмети за кои постои сомнение дека се поврзани со кривични дела тешки кражби. Исто така, при претрес во домот каде престојува Н.Т., извршен со судска наредба, биле пронајдени предмети поврзани со кривично дело.

Двајцата биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Приведени двајца криминалци барани по потерници, пронајдена дрога кај нив

M T

Претреси во Скопје, пронајдена дрога и украдени предмети, приведени две лица

M T

Претреси во КПД Прилеп: кај осудените лица пронајдени ножеви и други забранети предмети

M T

Пронајдени околу 400 грама кокаин, претреси во Скопје

M T

Претреси во Прилеп, пронајдена дрога, приведени две лица

M T

Претреси во Кавадарци, пронајдена дрога, приведени две лица

M T