Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Ахмети за пописот: Oва не беше лесен предизвик, но е успешно завршен

Република Северна Македонија, по цели 20 години, денеска има појасен увид во врска со целокупното население и процентот на заедници во државата, напиша на социјалните мрежи лидерот на ДУИ, Али Ахмети, кој во прилог на објавата достви и статистика од објавените резултати.

„Албанците се 29,5% во општата популација и 24,3% во резидентно население, додека во градот Скопје 22,8% (од 20,04% во 2002 година)“, посочува Ахмети.

Воедно, упати честитка до сите институции кои биле вклучени и помогнале во пописот.

„Процесот започна во март минатата година со дијаспората и заврши во септември со пописот во државата, процес и предизвик нималку лесен, но успеавме успешно да го завршиме“, нагласува лидерот на ДУИ.

Можеби ќе ве интересира

Од утре стартува „Безбеден град“, МВР апелира да се почитуваат сообраќајните правила

ДЕСК

Мицкоски: Пуштена е во употреба реконструираната тетовска гимназија „Кирил Пејчиновиќ“, продолжуваме да вложуваме во образованието

ДЕСК

Најстудено утрово било на Попова Шапка каде се измерени -5 целзиусови степени

ДЕСК