Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Студентите се враќаат на предавања со физичко присуство

Владата на денешната седница одлучи да се почне настава со физичко присуство на факултетите во земјата.

Притоа, како што наведе владината прес-служба, неопходно е почитување на препорачаните превентивни мерки за превенција од коронавирус, како што се задолжително носење заштитни маски во затворен простор, одржување на физичко растојание 1-2 метри, зачестена хигиена на рацете со задолжителна дезинфекција пред влезовите во предавалните, амфитеатрите, вежбалните, односно негрупирање и често проветрување на затворените простории, со препорака за вакцинација на студентите и наставниот кадар на факултетите во државата.

Владата на денешната седница одлучи и основците од утре да можат да посетуваат настава со физичко присуство без задолжително носење заштитна маска.

Можеби ќе ве интересира

СУВО ВРЕМЕ СО УТРИНСКА МАГЛА – Во сабота наутро наместа до −3 °C, детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

ОЈОГОКК вклучено во меѓународна истрага на Европравда против криминална мрежа за инвестициски измами

ДЕСК

Мицкоски: Компанијата „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, најавени и три нови производни капацитети

ДЕСК