19.8 C
Скопје
8. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+МАКЕДОНИЈА

Маричиќ утре е домаќин на Едштадлер

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ утре е домаќин на Сојузната министерка за ЕУ и Устав на Република Австрија, Едштадлер, која доаѓа во еднодневна официјална посета на земјава. После билатералната средба, на која се очекува фокус на разговорите да бидат евроинтеграциската перспектива на регионот, односите со Бугарија, како и за безбедносната криза, вицепремиерот Маричиќ и австриската министерка Едштадлер, ќе имаат заедничка прес-конференција.

Во рамки на официјалната посета покрај средбата со Маричиќ, Едштадлер ќе се сретне и со политичкиот државен врв, меѓу кои со претседателот, Стево Пендаровски, премиерот, Ковачевски, претседателот на Собранието на Северна Македонија, Џафери и министерот за надворешни работи, Бујар Османи.

Едштадлер заедно со австриска бизнис делегација ќе се сретнат со вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи и министерот за транспорт и врски, Бочварски.
Планирана е и средба на Едштадлер со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски. ​