Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Влада: Се зголемува надоместот за приватизација на градежното земјиште за 30 пати

Владата на денешната седница ја донесе Уредбата за изменување на Уредбата за висина на надомест за приватизација на градежното земјиште што се приватизира, начинот и постапката за наплата на надоместот за приватизација на градежно земјиште.

„Со Уредбата предвиден е повисок износ на надомест (30 пати поголем од до сега предвиденото) за приватизација на градежно земјиште во државна сопственост со намена: предвидено колективно домување со актите за планирање на просторот кое не е реализирано, комерцијални, деловни, стопански, производни и објекти наменети за спорт и рекреација“, велат од Владата.

Оттука додаваат дека предложената измена се врши поради зголемената пазарна вредност на градежното земјиште во однос на вредноста на градежното земјиште во 2005 година, кога стапи во сила Законот за приватизација и закуп на градежно земјиште во државна сопственост.

Можеби ќе ве интересира

Бојковска: Буџетот за 2027 носи нови инвестиции во образованието и подобри услови за студентите

ДЕСК

СДСМ ПОДНЕСЕ ИНТЕРПЕЛАЦИЈА ЗА ГУВЕРНЕРОТ СЛАВЕСКИ – Случајот со „Алта банка“ влезе во нова политичка фаза

ДЕСК

МИЦКОСКИ НА СРЕДБА СО АМЕРИКАНСКАТА АМБАСАДОРКА – Македонско-американските односи во фокусот

ДЕСК