Centar.mk
ЛОКАЛНОТЕМА

Арсовска одби да го спонзорира бесплатниот летен камп за деца во социјален ризик

Од воспоставувањето во 2017 година Град Скопје сега за прв пат не го поддржува бесплатниот летен камп за деца во социјален ризик организиран од „Проект Среќа“.

Со тоа се доведува во прашање неговото одржување за прв пат по организирањето, а од „Проект Среќа“ најавија дека ќе направат се што можат за да не згасне оваа благородна идеја и кампот да се одржи.

„Можеме само да кажеме дека ние ќе дадеме се од себе да се одржи овој камп, а на оние кои избришале ваков хуман и потребен проект нека им служи на чест. Мандатите поминуваат, а ние остануваме“ реагираа од „Проект Среќа“.

Со политизирањето дури и на вакви активности, кои имаат цел да помогнат децата од најранливите семејства да искусат летен одмор, градоначалничката Данела Арсовска покажува дека таа е на функцијата само за лична и партиска корист, а не за доброто на граѓаните.

Можеби ќе ве интересира

Ѓорѓиевски: Ја обновуваме жичарата, Скопје повторно ќе ужива во својот најубав поглед

ДЕСК

Лукровски во Охрид ја подигна наградата „Младински пријателски град“

ДЕСК

Општина Битола е добитник на националната награда „Младински пријателски град” во Пелагониски регион за 2026 година.

ДЕСК