Centar.mk
ТЕМАБИЗНИС

Битиќи: Растот на минималната плата го вреднува трудот на работникот

„Растот на минималната плата е достоинствен, бидејќи од 8800 денари во 2014 година сега земаат 18.000 денари. Јас сум еден од тие што велат дека можеби не е доволно, но е максимум што може да се направи во моментов“ изјави вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи во „24 анализа“ на ТВ24.

Тој рече дека договорот за минималната плата на економско-социјалниот совет бил за да им се даде на работниците тоа што го заслужуваат.

„Се договоривме дека 18 илјади денари, бидејќи тоа е праведно, правично и солидарно. Исто така и усогласувањето ќе оди според членот 8, каде што има рок за усогласување на платите од шест месеци. Никој не бега од тоа, ниту еден владин функционер не вика дека тоа нема да се направи“ рече Битиќи.

Сепак тој потсети дека по постигнувањето на договорот, ситуацијата во светот се промени драстично со почетокот на војната во Украина.

„Новите кризи и ситуација бараат прилагодување, но остануваме на се што се договоривме. Зачудувачки е за нас што пред еден месец се договоривме, а сега веќе се споменуваат штрајкови“ рече Битиќи.

Можеби ќе ве интересира

ТИТАН Усје работи како одговорна компанија во земјата повеќе од седум децении

ДЕСК

GLOBAL DIGITAL CITY 2026 ЗАВРШИ СО ДВОДНЕВЕН НАСТАН ПОСВЕТЕН НА BPO, ИКТ, ВРАБОТУВАЊЕ НА МЛАДИ И РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ

ДЕСК

ОКТА АД – Скопје со силни резултати во 2025 година во пазарна средина исполнета со предизвици

ДЕСК