23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАИЗБОР

Заев: НАТО значи реформи, владеење на право, борба против криминалот, економски реформи и подготвеност на Армијата

„НАТО е реформи. НАТО значи и владеење на правото, НАТО значи и успешна борба против криминалот и корупцијата. НАТО значи економски реформи во државата, но и подготвеност на нашата Армија“ изјави експремиерот Зоран Заев во документарниот филм „Патот до НАТО“ подготвен од Нексус.

Тој вели дека со членството во НАТО, но и решавањето на спорот за името со Грција придонесе за земјите од регионот, особено Северна Македонија и Грција, од политички непријатели да станат соработници.

„Решавањето на проблемот со името, преку Преспанскиот договор, постигна мулти-ефекти. Тие мулти-ефекти беа веднаш видливи со членството во НАТО. Во таквите мулту-ефекти веднаш се случија економските придобивки меѓу Северна Македонија и Грција. Веднаш се отвори целиот регион во форма на пријателство – наспроти непријателство кое што постоеше, макар и политичко помеѓу сите земји овде на Балканот“ изјави Заев.

Експремиерот додаде дека Грција од еден политички противник, денес испорачува гаранци иза безбедноста на македонското небо, а со тоа и за целокупната безбедност на земјава и целиот НАТО регион.