Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИвест

Анализа: Дали Мицковски се грози од Груевски?

Полека, полека сите ќе се откажат од Груевски. Прво тоа го направија братучедите, а еве сега од него се „перат“ и неговиот кум Новачевски како и неговиот близок бизнис партенер Орце Камчев со признанијата во случајот „Плацеви на Водно“.

На пат да го стори тоа е и Христијан Мицковски, партискиот пулен на Груевски на кого му ја довери партијата кога заминуваше од Македонија. Имено тој вчера јавно се згрози од вистинитоста на сведочењата на Новачевски и Камчев:

„Ги читав сведочењата, и ако е тоа точно, навистина жалам и сум згрозен“, и додаде:
Жалам што не е тука Груевски да го слушнеме неговото мислење за тоа што го изнесоа“, вели Мицкоски.

Ако Груевски го слушне ова од Мицковски, а ќе го слушне, и тој ќе се згрози од неговото предавство.

А тоа што Мицковски жали што Груевски не е тука, се придружува на сите останати кои едвај чекаат да се врати и да сведочи, но и да го одлежи она што го доби како казна. Можеби Мицковски при следната посета на „Орбан“ може да го убеди Груевски да се врати и да си го каже своето.

Засега тој е таму, а Мицковски е тука и може слободно да се грози.

Можеби ќе ве интересира

ДРАСТИЧНИ ПРОМЕНИ СО ВРЕМЕТО: Синоптичарите излегоа со повеќедневна прогноза

ДЕСК

Цела недела променливо облачно време, за викендот невреме

C +

Уапсени 34 возачи, изминатите два дена 1.026 сообраќајни прекршоци

C +