Centar.mk
вестИЗБОРМАКЕДОНИЈАТЕМА

Фудбалерите Трајковски и Барди и селекторот Милевски ќе добијат дипломатски пасоши од МНР

Дипломатски пасоши од Министерството за надворешни работи ќе добијат двајца фудбалски репрезентативци Александар Трајковски и Енис Барди, како и селекторот Боби Милевски, соопшти на денешниот брифинг со новинарите министерот за надворешни работи Бујар Османи.

– Тие се нашите најважни амбасадори во моментов и го заслужуваат пасошот, како одделен доказ за нивните успеси. Им посакувам успех и во Португалија, истакна Османи.

Македонската фудбалска репрезентација завчера оствари победа над Италија во Палермо, со што обезбеди место во финалето од баражот за пласман на Светското првенство 2022

Можеби ќе ве интересира

Милошоски: Улогата на Врховниот суд на дава придонес во владеењето на правото

ДЕСК

СЕ ПОДГОТВУВА НОВ СИСТЕМ ЗА СТУДЕНТСКИ ОБРОК – Јаневска потврди дека се водат преговори

ДЕСК

ПРОТЕСТИ ПО УБИСТВОТО НА 17-ГОДИШНАТА ДЕВОЈКА – Вечерва собир во Богданци, во недела во Скопје

ДЕСК