Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИвест

1 МИЛИОН И 800 ИЛЈАДИ ГРАЃАНИ-65 ОТСТО МАКЕДОНЦИ И 24,7 ОТСТО АЛБАНЦИ? Неофицијални резултати од пописот

Неофицијално, од извори во Заводот за статистика, ТВ 21 вечерва објави дел од резултатите од пописот, и како што се наведува, во земјава живеат 1 милион и 800 илјади граѓани, а вкупниот број, заедно со дијаспората изнесува 2,1 милион жители, што значи дека околу 300.000 лица живеат во странство. Како што пренесе телевизијата, вкупниот број граѓани кои имаат матичен број изнесува 2,5 милиони.

Медиумот наведува и дека околу 62 отсто се Македонци, околу 24,7 се Албанци, и 10-12 отсто се припадници на други заедници.

Заедно со дијаспората, според неофицијални извори, Македонците би излегле од 60 до 62 проценти, Албанците 29,5 проценти, а припадниците на останатите етнички заедници од 8 до 10 проценти.

Официјалните резултати од најголемата статистичка операција која беше спроведена лани ќе бидат објавени во текот на следнава недела.

Можеби ќе ве интересира

Лажни дојави за бомби во училишта во Скопје и Тетово

C +

МНР со апел: македонските државјани кои се наоѓаат на територијата на Мексико да го напуштат во првата безбедна прилика

C +

Речиси 5.000 прекршоци регистрирани со „Безбеден град“ за една недела, најмногу за брзо возење

C +