Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Приведен дилер од струмичко, при претрес пронајдени амфетамин и марихуана

Денеска (25.03.2022), полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода T.М.(37) од село Василево, струмичко. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени 23 пакувања амфетамин и марихуана. Тој бил приведен во полициска станица и за настанот е известен Јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Струмица.

По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 215 од Кривичниот законик за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски на пуштање на употреба на реконструираните 6 операциони сали во Клинички центар „Мајка Тереза“

ДЕСК

ВАЖНА ВЕСТ ЗА ГРАЃАНИТЕ КОИ ПАТУВААТ ВО ЗЕМЈИ ЧЛЕНКИ НА ЕУ: Започнува електронската евиденција и контрола на граничните премини на државјаните од државите кои не се членки на ЕУ

ДЕСК

Спремете куси ракави: Синоптичарите најавуваат температури до 25°C

ДЕСК